Македонските ракометари ја совладаа селекцијата на Австрија во директната пресметка за второто место со 36:31 и изборија осминафинален дуел против Словенија која заврши трета во групата А.
Македонија славеше нова победа на СП во Катар. Македонската ракометна селекција забележа нова четврта победа на СП во Катар и си го обезбеди второто место во групата ,,Б’’. Австрија повторно не можеше да ја запре Македонија.
Нашата репрезентација делуваше поубедливо и поквалитетно од Австрија иако дозволивме првиот дел да заврши со 16-16. Решавачките минути беа на стартот од второто полувреме, кога селекторот Ивица Обрван имаше чувство да го внесе Петар Ангелов, а тој почна да прави чуда на македонскиот гол.Најпрецизен во нашиот тим беше капитенот Кире Лазаров со 9 гола и беше прогласен за играч на натпреварот.
во осминафиналето нашата репрезентација ќе се соочи со Словенија и преку неа ќе бара место во посакуваниот круг од седум репрезентации кои ќе обезбедат виза за олимписките квалификации.