Иако сегашните температури се пролетни не се опуштајте предупредуваат српските метереолози, кои на своите сограѓани им укажаа да се подготват за минусни температури.
Во некои делови на Србија денес се измерени 19 степени, но таа постепено ќе почне да паѓа.
Во среда, ќе биде околу 10-степени, но за недела се најавува субјективно чувство на дури -18. За два степена ќе биде постудено во понеделник.
Дебел минус ќе има во Западна Србија. За Ужице се најавуваат дури -22 степени, температури, кои најверојатно ќе ја зафатат и Македонија.