Македонија и Србија највооружени на Балканот


g_oruzjeМакедонија и Србија се земјите кои се “најмилитаризирани“ во регионот, покажува истражувањето на невладината организација од Швајцарија, Small Arms Survey.
Србија
Во Србија има околу три милиони парчиња оружје, што е во рацете на цивили. Невладината организација тврди дека Србија е петта земја во светот по бројот на парчиња оружје по глава жител, односно 38 парчиња на 100 жители.
Српските закони за поседување на оружје се уредуваа пред неколку години, кога властите понудија амнестија за сите сопственици на нелегално оружје. Тешкото вооружување како што се гранатите, беа запленети, но беше дозволено поседување на оружје со соодветна дозвола и за кое треба да се плати данок.
Во последните неколку години имаше неколку инциденти во оваа земја во кои рачни гранати беа користени при помали конфликти, вклучувајќи и еден кога четири лица беа убиени, откако не им било дозволено да влезат во кафе бар во северниот дел на Србија.
Македонија
Нашата земја го зазема второто место во регионот со 24 парчиња оружје на 100 лица. Извештајот на невладината организација наведува дека властите воведоа закон за доброволно предавање на оружјето и негова конфискација, со цел да го намалат бројот на нелегално оружје.
Црна Гора
Дваесет и три парчиња оружје на 100 Црногорци, покажува Small Arm Survey. Во оваа земја автоматските и полуавтоматските пушки се забранети за цивили, а пиштолите се дозволени само со издавање на посебна лиценца.
Хрватска
И на цивилите во оваа земја не им е дозволено да поседуваат било какви автоматски или полуавтоматски пушки, а пиштолите се законски само со издадена дозвола. Во оваа земја, која е пред вратите на ЕУ, има 22 парчиња оружје на сто лица.
Хрватска и Босна и Херцеговина се двете земји кои имаат голем проблем, и по толку години по војната, од нагазни мини.
Косово
Косовската влада им забрани на цивилите да поседуваат оружје и воведе програма со која се охрабруваат луѓето доброволно да го предаваат оружјето, но сепак има 19,5 парчиња оружје на сто жители. Тамошниот закон предвидува и до пет години затвор за нелегално поседување на оружје.
Босна и Херцеговина
Босанската војна, која траеше од 1992 до 1995 година, беше една од најкрвавите што избувнаа по распаѓањето на Југославија. Кога заврши војната, поголемиот број од граѓаните на Босна беа вооружени, но тамошната влада соопшти дека целото оружје кај цивилите е нелегално и затоа спроведе амнестија и доброволно предавање. Босна се соочува со големиот број на мини кои се расфрлени низ целата земја.
Словенија
На цивилите во оваа земја не им е дозволено да поседуваат автоматско оружје, откако земјата прогласи независност во 1991 година, а полуавтоматско оружје и пиштоли се дозволени само со специјална владина дозвола. Според, спроведеното истражување, Словенија е најмалку вооружена земја од поранешна Југославија, со 13 парчиња оружје на сто лица.
Само за информација, во САД има 88,8 парчиња оружје на сто жители, со што се лидери во тој поглед. Јемен е на втора позиција со 54,8 парчиња оружје на 100 жители, а Обединетото Кралство е на дното на оваа ранг листа со 6,2 парчиња оружје на 100 жители.
 Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1