Македонија имала свој Хитлер


Нашиот јунак е роден и крстен 1940 година во с. Лопатица, Прилепско, и така се викал и така го викале – како што е крстен и регистриран во црковната книга, ама до одењето во ЈНА. Кога при приемот во касарна му го слушнале името, веднаш и категорично му рекле НЕ! И дека оттогаш „па до даље“ ќе се вика Ќирил! И така би: во воената буквица е заведен како Здравески Ќирил, роден во с. Лопатица, Прилепско, Македонија.

hitler_1366464413_670x0,,Тој пишал жалба дури и до Тито. Одговорот на жалбата бил „немојте да го гоните човекот, не е кабает, името му го ставил кумот“. – раскажала Роза Здравеска, сопругата на покојниот Хитлер.

Минуваат години и Ќирил се преселува сосе новото име во битолското село Мусинци, оставајќи аманет кога ќе умре „на гробот да му го клаат вистинското име зашто не се прекршува адетот на кумот.

Аманетот е запазен.
На гробот на покојникот Ќирил пишува:
ОВДЕ ПОЧИВА
ЗДРАВЕСКИ ХИТЛЕР
1940-1992

***

А името на Дадо Топиќ од групата TIME е АДОЛФ! Крстен е по прочуениот АДИ, ама никогаш не замина во ЈНА!!! Па така, ги избегна тие “непријатности“…беше антимилитарист и свесно одбиваше да оди на отслужување на воениот рок!! Мислам дека и кривично го гонеа за избегнување на отслужувањето, но неговите колеги музичари ГО КРЕНАА СВОЈОТ ГЛАС ВО ОДБРАНА НА НЕГОВИОТ ПРИГОВОР НА СОВЕСТА!!! Не е секој АДОЛФ – ХИТЛЕР, како што не е ни секој ХИТЛЕР – АДОЛФ!!!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1