Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција и Чешка се дел од земјите што нема да се појават на овој избор. Во соседна Србија веќе се постави прашањето дали воопшто треба да се учествува на тој фестивал, со оглед на тоа што оваа година ќе потрошат повеќе од 350.000 евра.
Ова, пак, ја отвора дилемата колку пари ја чини Македонија учеството на овој избор и дали воопшто треба да се учествува.
На прашањето дали Македонија треба и понатаму да учествува на овој избор, со оглед на тоа што некои земји се откажаа, тој вели дека ваквиот тип натпреварување е од национален интерес.
– Ако фудбалската репрезентација не се пласира на европско или светско првенство не треба да се распадне таа екипа или ако кошаркарите не успеале да изборат пласман. Исто ви е и ова, ако не сме влегле во финале или не сме обезбедиле добар пласман, не значи дека треба да се откажеме – беше јасен Мирковски.