Македонија ќе стане вистински извозник на злато


Компанијата Еуромакс Рисорсис објави дека Европската банка за обнова и развој станува акционер во проектот за развој на рудник за бакар и злато, Иловица. ЕБОР за 5 милиони канадски долари купува 20% удел во рудникот кој, според планот, треба да почне да се гради следното лето и да стане оперативен во 2017. Најавите се дека годишно ќе се добиваат по 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Со такво темпо проценката е дека наоѓалиштето во струмичко има количини за експлоатација во текот на 23 години, а севкупниот ефект врз економијата да биде доста голем, пишува Економски.мк

ilovica

 

Деталите ги открива претседателот и главен извршен директор на компанијата, Стив Шарп во интервјуто за Економски.мк.

ЕКОНОМСКИ: Какво влијание очекувате да има рудникот Иловица врз македонската економија?

ШАРП: Ќе има огромно влијание не само локално, туку врз севкупната национална економија. Ќе извезуваме концентрат, но и ќе произведуваме злато на самата локација кое потоа ќе се испраќа на рафинирање во Македонија со што тоа ќе биде првото македонско производство на злато. Македонците ќе можат да го нарекуваат првото вистинско македонско производство на злато во голем број наредни години. Проценуваме дека ова ќе додаде околу 2 проценти на брутодомашниот производ на Македонија. На страната на вработувањата, која е подеднакво важна, очекуваме да вработиме 500 луѓе за почеток. За 23 години работен век на рудникот во просек би биле вработени од 400 до 450 луѓе. Тоа е навистина долгорочен проект.

sarp500

ЕКОНОМСКИ: До каде сте со обезбедувањето на финансиската рамка за целата инвестиција?

ШАРП: Се работи за прилично скап проект кој треба да функционира 23 години. Вкупната инвестиција е 500 милиони долари. Покрај финансирањето од Ројал Голд имаме лизинг на опрема од 50 милиони долари и токму утрово имавме состанок со банки за обезбедување на преостанатите 250 милиони долари. Очигледно, не би можеле да ги повлечеме парите утре, треба прво да ги завршиме техничките студии и во јули 2016 да го испорачаме финалниот документ за да ја добиеме дозволата за градба. Но, сите парчиња од финансиската сложувалка сега си доаѓаат на место.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1