Македонија нема договор за екстрадиција со Унгарија; Кои механизми се на располагање?


Mинистерството за правда на Република Македонија ќе бара други правни механизми за испорачување на екс-премиерот Груевски бидејќи земјава нема договор за екстрадиција со Унгарија.

На располагање се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

Македонија нема таков договор и со Грција, но и во случајот со бегалците Горан Груејвски и Никола Бошковски кои пребегнаа во Солун, македонските правосудни органи се повикаа на други правни акти во барањето за екстрадиција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1