Македонија одбележува 115 години од Илинденското востание и Крушевската Република


Чествувањата по повод 115-годишнината од Илинденското востание почнаа претпладнево во Крушево со положување цвеќиња и оддавање почит на гробот на претседателот на Крушевската република во „Македониумот“ на Гумење, на споменикот во месноста Слива каде се загинати Илинденци во одбраната на Крушево и со панихида во црквата „Свети Никола“ во центарот на градот.

Венци и цвеќиња положија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, делегација на Собранието предводена од потпретседателот Вејсел Мемети, на Владата предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, од АРМ, Генералштабот и од Министерството за одбрана предводени од генерал-мајор Зоран Милески, директор на Генералштабот, на градот Крушево и на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, на семејствата на Илинденците, делегации на политичките партии, на здруженија и граѓани.

Напладне на Мечкин Камен е централната прослава на големиот празник Илинден каде ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1