Песната, музиката е таа што не сплотува сите – е пораката на новата евровизиска песна, која Македонија ќе ја испрати на 58. издание на изборот за песна на „Евровизија“ во мај во Малме, Шведска.
Засега е готов делот на Есма, која овојпат ќе пее на ромски јазик. Текстот и музиката за делот на Есма ги направи нејзиниот син и коавтор на “Империја“, Симеон Атанасов. До вечер се очекува да се доработи и делот на Влатко Лозаноски-Лозано, па песната ќе биде подготвена за во Малме, каде на 18. март ќе се одржи состанок на шефовите на делегациите и ќе се однесе конечната верзија на македонската евровизиска песна.
-Делот на Есма е комплетно изменет, нов, повторно е мој и музика и текст, а аранжмански ќе го склопи Дарко Димитров. Оваа песна нема никаква врска со претходната. Комплетно е нова. Сега одиме повеќе на џипси-стил, нема толку етно- мотиви како што имаше во ’Империја’“, вели Атанасов за Утрински весник.
Песната се сними во студиото на Дарко Димитров, кој е автор заедно со Лазар Цветковски.
Според Утрински, песната ќе биде готова до среда, кога најверојатно ќе може да ја слушне и јавноста.
Утрински Весник