Македонија оштетена за чист поен


Македонската кошаркарска репрезентација загуби на отворањето на Евроското првенство во Словенија од селекцијата на Црна Гора со 80:81.

Во самиот финиш имавме напад за победа – Мекејлеб не успеа да погоди. Потоа Чековски се обиде,  Црногорците ја повлекоа мрежата од кошот. Едниот судија го призна кошот, a вториот досуди топка за Црногорците. По мала пауза сепак, се уважи одлуката на вториот судија. Протестите на стручниот штаб не ја сменија одлуката на судиите.

kosarka poen

Мекејлеб со 23 и Дамјан Стојановски со 19 поени беа најпрецизни кај нас. Кај противникот се издвоија Сеад Сеховиќ и Рајс со по 16 постигнати поени. Во првиот натпревар од оваа група попладнево Летонија ја победи Босна и Херцеговина со 86:75.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1