Началникот на полициската хеликоптерска единица” Јастреби” и дел од раководниот кадар на единицата се жртвите во вчерашната хеликоптерска несреќа кај Струмица.
Министерот Јанкулоска со солзи во очите го соопшти идентитетот на настраданите и изрази длабоко сочувство до нивните семејства.
Според официјалните информации, животот го загубиле: Драги Мицев (45) од Струмица, началник на единицата “Јастреби”, Маријан Трајковиќ (47) од Куманово, Тоде Орешков (44) од Кавадарци и Иљо Мопатички (47) од Битола.
Според МВР, станува збор за четворица искусни пилоти со долгогодишно искуство и стотици часови летање.
Јанкулоска соопшти дека причините за несреќата дополнително ќе се испитуваат, но веднаш ја исклучи можноста дека се работи за диверзија или напад.