Македонија остана без амбасадор во Берлин – уште неотиден се откажа од функцијата


Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата дека Ненад Колев, вработен во МНР се откажал од амбасадорското место во Германија. Тој во септември требаше да биде во Берлин на местото на сегашната амбасадорка Корнелија Утевска-Глигоровска. Агреманот за Колев од Берлин бил добиен уште пред шест месеци.

nenad kolevОфицијално, оставката е од лични причини, а неофицијално – неосгласувања со министерот.

Во истовреме, Колев поднел оставка и на функцијата директор за економската дипломатија во МНР. Неофицијално, оставката ја поднел на 9 јули поради несогласувања со шефот на дипломатијата Никола Попоски, со кого имале разидувања и околу последните подготовки пред заминувањето во дипломатска мисија.

 

 

 

Пред Колев, агремани добиле кандидатите за Загреб, Отава и Москва, но првиот се откажа од оваа амбасадорска функција, вториот си остана на старата, а третиот се повлече сосема од дипломатијата.

Се случи и одбивање на агреман во Бразил, бидејќи новоименуваната амбасадорка имала двојно државјанство. Со оглед на тоа дека станува збор за Германија, една од најважните и најорганизирани држави во светот и за агреман добиен пред шест месеци, јасно е со какви очи ќе се гледа нашата дипломатија и МНР во Берлин, особено што претходничката на Колев, Утковска, имаше германско државјанство кога стапи на функцијата, што не им се случува на сериозни држави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1