Македонија под снег, еве каде врне најмногу во моментов


На патниот правец Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража има забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Од 17:50 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на планинскиот премин Пресека.

Ѕид на сообраќајниот срам

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На патниот правец с. Шипковица – Попова Шапка поради појава на магла видливоста е намалена од 30 до 40 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1