Вчерашното гласање за уставни измени во Собранието стана топ тема за медиумите во регионот и светот. Со 80 гласови „за“ беше донесена одлука за пристапување кон измена на Уставот на РМ.
„Македонија и официјално го менува името“, напиша Куриррс по гласањето..
„Ова се пратениците од опoзицијата кои гласаа за уставни измени: Веднаш се исклучени од партијата, а од Заев бараат 4 услови“, пишува српски Телеграф.
Белградски Блиц исто така се осврнува на луѓето кои ја решија ситуацијата при гласање.
„Буквално во еден глас: Македонија прифати да си го смени името“, пишува бугарски Днес.
Бугарската новинска агенција БГНЕС наведува дека Македонија не е повеќе Југословенска и дека се прифатени промени на Уставот.