Североисточна Македонија може да се прероди благодарение на изобилството со зеолити – вулкански минерали, кои во светот с` повеќе се користат во земјоделството, градежништвото, медицината, заштита на околината итн.
зеолитот е чудесен минерал, еколошки најчист материјал на планетата, итн. Наоѓа примена во илјадници производи, но најголемо внимание предизвикува со големите можности во медицината, поради тоа што е најмоќен познат антиоксиданс и ги неутрализира слободните радикали.
Kај нас засега се експлоатира на две места, а се употребува само како суровина за цементната индустрија или за посипување патишта во зима. Со испитувањата што се вршат на повеќе факултети, детаљно ќе се утврди кои видови зеолити ги има во Македонија. Постојат 40 вида природни зеолити и 150 синтетски.
-Kај нас засега е утврдено дека го има столбот. Оној што се користи за лекување е клиноптилолит, но засега не е детектиран. Треба да го има и кај нас, затоа што иста е вулканската маса како во Србија
Го има во Осоговскиот вулкански комплекс, Kратовско-злетовската вулканска област, Ранковце, Чешиново-Облешево и Пробиштип. Има активни рудници во Облешево и во Сртмош, каде што засега суровината се користи во цементната индустрија и за посипување патишта, затоа што има и термички квалитети и спречува замрзнување
Може да се користи и како филтер за пречистување на водата, за сушење житни култури, за деконтаминација на радиоактивни подрачја.