Македонија се задолжи со нови 46,4 милиони евра за реконструкција на железничкиот Коридор 8


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставески и претставници на Европската банка за обнова и развој потпишаа договор за кредит од 46,4 милиони евра, средства наменети за првата фаза од реконструкцијата на железничката линија од Коридорот 8. Реконструкцијата ќе ја опфати делницата Куманово – Бељаковце.

– Денеска го потпишуваме овој договор од 46,4 милиони евра со што овој проект станува реалност. Кредитот се добива по субвенционирани услови и тоа со рок на отплата од 15 години, грејс период од четири години и каматна стапка од шестмесечен ЕУРИБОР плус еден отсто, истакна ставрески.

Со подобрување на патната инфраструктура ќе се подобри конкурентноста на домашните компании и ќе биде олеснета врската со европската транспортна мрежа, смета Ставрески.

-Завршувањето на изградбата на железничката пруга, ќе биде од корист за индустријата, трговијата и за населението, не само во Македонија, туку и во целиот регион“, истакна Клаудио Виецоли, директор на ЕБОР за западен Балкан.

Изградбата на делницата се очекува да почне во првиот квартал од 2013 година, а работите на терен да завршат за три до четири години. Тендерот за изградба треба да биде објавен следниот месец.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1