Македонија стана двојазична – Законот за јазиците излезе во Службен весник ФОТО


Законот за употребата на јазиците излезе во Службен весник.Законот за употреба на јазиците кој претседателот на Собранието, Талат Џафери, доцна синоќа го потпиша, денеска е објавен во Службен весник. Со самото објавување во Службен весник овој Закон стапува на сила и со тоа албанскиот јазик станува втор службен јазик во Македонија.

Денешниот број на Службен весник е објавен на двата јазика, македонски и албански, освен спогодбата помеѓу Македонија и Грција која е објавена само на македонски јазик.

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа преку својот фејсбук профил го објави ова.

Со овој закон што два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и на 14 март минатата година, но претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише, со образложени дека е противуставен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1