Утре во 15 часот авионот од Диез ќе слета на „Александар Македонски“, а за сите граѓани е овозможен бесплатен превоз до аеродромот со автобуси кои во 13 часот ќе тргнуваат од паркингот на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.
По пристигнувањето во Скопје, Јохан ќе има средба со премиерот Никола Груевски во владата , за оттаму да се упати преку „Портата Македонија“ до споменикот на бранителите, каде ќе положи цвеќе и ќе одржи говор.
Здружението ,,Јохан Тарчуловски“, според програмата, потоа најавува концерт на плоштадот „Македонија“ со настап на музички и естрадни ѕвезди.