Македонија вечерва против Шпанија


Репрезентацијата на Македонија вечерва ја почнува главната фаза на Европското ракометно првенство, во натпревар против Шпанија, кој може да нѐ доближи како никогаш досега до полуфинале. Шпанија е финалистот од последното ЕП Шпанија. „Црвената фурија“ има пет победи во дуелите со Македонија, од кои две на Европски првенства и една на Светското првенство, како и две во квалификации.

Foto – Turlitava.mk

Доколку на овој дуел освоиме бод или два, тогаш ќе ни треба само победа над Чешка за да играме во полуфиналето.

Ракометарите очекуваат уште еден инфаркт-натпревар, но македонските навивачи ќе преовладуваат на трибините, така што тоа ќе биде значаен ветер во грб за Македонија.

Селекторот Раул Гонзалез во составот ќе го врати Филип Лазаров кој поради мала повреда го пропушти дуелот со Германија и тој ќе го заземе местото на Никола Маркоски.

– Шпанија е селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова ЕП, шансите се 50-50, а доколку победиме со една нога ќе бидеме во полуфинале. Треба да ја дадеме најдобрата партија за да победиме – изјави Филип Миркуловски.

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот и ќе го судат белоруските судии Андреј Гуско и Сергеј Репкин. Пред овој натпревар се игра дуелот Германија – Данска во 18:15 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1