Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата за хидрометереолошки работи.
Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Изутринава ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Повремено засилен ветер ќе дува на југоистокот. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до шест степени.
Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидата во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток, информира УХМР.