Македонија во ТОП 50 најиновативни земји на листата на Блумберг


Македонија и Хрватска се поместени на 48-то, односно на 34-то место на листата 50 најиновативни земји во светот, која ја објави агенцијата Блумберг.

Листата е составена врз основа на седум критериуми – интензитетот на спроведување на научно-истражувачките и развојни работи, нивото на продуктивноста на трудот, концентрацијата на високи технологии, процентот на истражувачи на милион луѓе, продуктивноста на индустријата, нивото на образование и патенти.

Македонија е најмногу вреднувана по концентрацијата на високи технологии и продуктивноста на индустријата, каде во двете категории го зазема 28. место

makedonija-blumberg-600x300
Првите три места на листата ги заземаат САД, Јужна Кореја и Германија. Јужна Кореја е прва во категоријата патенти.

Интересно е дека во првите десет најиновативни земји во светот се наоѓаат шест европски – Франција, Шведска, Данска, Австрија, Финска и Германија, како и три азиски држави – Јапонија Сингапур и Јужна Кореја.

Кликнете овде за целосната листа на Блумберг.

Извор Економски.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1