Македонија воводе наплата за влез од Косово – Косово целосно ќе ги спушта рамите за сите стоки?


Од ноќеска на полноќ секој косовски државјанин за влез во Македонија мора да плати по 2 евра, за автомобил 5 евра. За камион или автобус се наплаќа по 10 евра. Тоа е одговорот на македонската Влада на забраната за увоз на македонски производи што пред неколку дена ја воведе Владата на Косово.

kosovoКосово со нова закана до Македонија. Косовските власти, најавуваат дека целосно ќе ги спуштат рампите за сите македонски производи, а не само за одредени, како досега. Ваквата нова закана им била упатена на македонските власти, откако земјава воведе патна такса за косовските државјани кои сакаат да влезат во земјава, пишува Фактор.мк.

Министерката за трговија на Косово, Мимоза Кусари, вели дека е можно проширување на листата на стоки кои ќе бидат забранети за увоз на Косово од Македонија.

По најавите дека Косово целосно ги спушта рампите за сите македонски производи, Македонија сега размилсува за дополнителна, нова мерка. Неизвесно е до каде ќе оди оваа трговска војна меѓу двете држави, ниту дали македонска делагација утре ќе оди на преговори со косовските власти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1