Македонија – Земја која е на патот да стане богата, според Форбс


“Форбс” објави анализа за перспективите на развој на земјите во светот, според која на Македонија и се предвидува убава иднина.

Во анализата со наслов „Овие земји со средни приходи имаат перпектива во збогатување“, за Македонија има оптимистички предвидувања во кои шансите за транзитирање од земја со ниски приходи во земја со високи приходи и богата економија се поволни, пренесува Точка.ком.мк.

makedonija znameПри сортирањето на 215 земји кои ги следи Светската Банка, вишиот истражен аналитичар Ехиварио Ефеини од американската „ Trust Bank of America Wealth Management“ (Траст Банка на Америка на Менаџмент на богатство) , направи еден обид да ги детектира новите „еден процент“ со анализа од врвот кон дното.

Еифени земал предвид три атрибути при неговото истражување. Овие атрибути за земјите кои се анализирале, ги вклучувале следните карактеристики : земјата веќе да биде во рангот на земја со висок или среден приход, да има високоразвиено ниво на управување и критериумот за напредокот на корпорациите и агенциите за следење и безбедност по финансиската криза во 2008 година. Оние кои ги исполнувале овие критериуми, влегле во полуфинале.

Ваквата селекција исфрлила листа ос 14 имиња: Бразил, Чиле, Малезија, Мексико, Србија, Македонија, Црна Гора, Полска, Боцвана, Коста Рика, Антигва и Барбуда, Сејшелите, Тонга и Маврициус. Ја вклучиле Антигва во нивната нова листа на богати,но според стандардите на Светската Банка, островот на даночниот рај веќе е таму со БДП од приближно 13.000 долари по жител.

banka pariСпоред истражувањетоМакедонија, Србија, Бразил, Црна Гора и Боцвана се земји оценети со средна веројатност за транзиција во земји со богата економија. Мексико, Чиле, Малезија, Полска, Маврициус и Сејшелите имаат висока веројатност да преминат од земји со средно ниво на пригходи во земји со високи приходи, додека Коста Рика и Тонго нема веројатност дека ќе ја поминат границата и ќе успеат да се вбројат во земјите со високи приходи, пишува во анализата објавена во „Форбс“.

Доколку Ефеини е во право, и овие земји го зголемат богатството во наредните години, може да се случат „чуда“ со поседите во тие земји.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1