Македонка ги гради луксузните архитектонски чуда во Дубаи и Абу Даби


Семејството Чакарески од Струга 23 години живее и работи во Сиднеј, во далечната Австралија. Како успешни во својата професија последниве 7 години работат во Дубаи и Абу Даби на големи проекти, пишува Охридпрес.мк.

Ѓеорѓина Чакар потенцира дека успешна приказна надвор од својата земја може да се напише доколу луѓето имаат пред себе конкретна цел, поточно дали го напуштаат својот роден крај да заминат на печалба или едноставно таму го продолжуваат својот живот. Струшкото семејство Чакарески повеќе од успешно го живее својот сон.

georginacakar– Решивме да се преселиме и да го продолжиме животот во една нова средина. Прилагодувањето прво почнува од човекот, а потоа продолжува во средината таму, бидејќи Македонската заедница посебно во Австралија е многу силна. Како индивидуа треба да се има предвид како јас сум настроена кон самото селење од една во друга земја и тоа од многу аспекти, професионален, културен итн. Значи ако вие одите и сакате да започнете нов живот без онаа психологија дека сте привремено некаде, тоа е според мене правиот начин. Ако јас имам една цел пред себе и јас сакам да се изборам, како професионалец, тоа што сум го работела овде како архитект можам да го работам и таму и без разлика на бариерите јас сум го исполнила својот сон, раскажува Ѓеорѓина Чакар, архитект во Абу Даби.

Кога зборуваме за Австралија, без разлика дали Македонците таму дошле на печалба или не, сепак треба да се нагласи дека сите тие како една целина се дел од успешната македонска заедница во Австралија, вели Ѓеорѓина.

– Многу професионални Македонци ги има на многу високи позиции во владини институции, но тие се доста успешни и во приватните фирми. Значи учители во училишта, психолози, социолози од која сакате професија. Да не ги спомнувам програмерите, навистина многу далеку стигнаа, а и луѓето од Македонија кои имаат свои фирми таму се многу успешни, додава таа.

Што се однесува до враќањето на ова семејство во родниот крај архитектот Чакар вели дека барем засега иднината не ја гледа во Македонија.

– Камо да можам двапати годишно да доаѓам овде на посета и да уживам со роднините и во преубавата клима што ја немаме во Дубаи. Не би можела сега да кажам што ќе мислам по десет години, ама сега со големо жалење кажувам дека не би сакала да дојдам тука да живеам. Инсистирам моите деца Елена и Васил да се концентрираат на нивниот професионален и фамилијарен живот во Австралија, додава Ѓеорѓина Чакар.

Да се живее и работи во Австралија како архитект е вистинско задоволство, но не како печалбари, а со диплома и високо образование успехот е загарантиран.

Семејството Чакарески дел од својата кариера ја поминале и во Либија, Ирак и Кувајт. Денеска успешно својата работа ја продолжуваат во Емиратите каде со нивната компанија од Сиднеј и во наредниве две години остануваат во Дубаи и Абу Даби на градба на луксузни светски архитектонски чуда.

Извор: Охридпрес.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1