Mакедонска и Шпанец тргнуваат на пат околу светот со мотори. Својата авантура ќе ја почнат во септември 2013 година. Под мотото борба против дискриминацијата и недовербата и страв од луѓе кои не ги познаваме ќе се обидат на светот да му престават колку се всушност прекрасни сите различности во светот.
Ивана од Македонија и Ману од Шпанија сега се во Скопје од каде и ќе го започнат својот потфат. Нема да користат водичи или ГПС, велат ќе седнат на моторот и без план ќе тргнат по светот како навистина би виделе места кои инаку не би можеле да ги видат затоа ќе остават простор за импровизација и сметаат дека насоките на патот сами ќе ги водат.
,, На овој начин, ние ќе се среќаваме и ќе се носиме со сите видови на временски услови, од студот планините на Хималаите до неподнослива топлина во пустината Атакама, возење преку спектакуларни патишта, како низ Аргентина или Route 66 во EU. Ние сакаме да покажеме дека светот е многу попријатно место отколку што мислите“ велат тие на својот блог.
Тие имаат и свој блог и сајт, како и страна на фејсбук за нивниот потфат. Очекуваме многу интересни стории и фотографии од нивното патување – Нека им е со среќа.