Македонка има 96 години, 25 правнуци, а чека и чукунвнуче


Трета вечер ми било на Бадник и ми било судено да живеам долго. Во животот никого не сум проколнала, никому не сум напакостила, а сум минала низ многу маки, немаштија, макотрпна селска работа. Докторот ми вели „здраво ти е срцето“. А и добро гледам, само што не можам да одам, па ми е жал што децата се мачат со мене, вели 96-годишната Стојана Стојановска, кротка и милозлива бабичка, која е најстарата жителка во Kрива Паланка и меѓу најстарите жители во целата општина, пишува Дневник . FC698A8F9745D241A57A49228E064FF6

Баба Стојана веќе 20 години живее во старата зграда на т.н. Пензионерски дом во Kрива Паланка, каде што главно се сместени стари лица и самци што се наоѓаат во тешка материјална состојба. Во градот се доселила од село Добровница, две години по смртта на својот сопруг, откако нејзината ќерка Даница останала самохрана мајка со две мали дечиња и немала каде да живее. Сите четворица долги години живееле во една собичка, која денес ја делат со својата ќерка, а двајцата внуци кога пораснале, се иселиле. Но, и до ден-денес, тие не ја забораваат својата баба, која им се нашла во најтешките мигови во животот и постојано се трудат да ~ ги разубават старските денови.

– Ми донесоа папагалче за да имам со кого да си зборувам. Не слушам добро, па да не ги заморувам другите, си зборувам со него. Тоа цврчи, јас му одговарам, и така си се разбираме – раскажува баба Стојана за своето „друштво“, кое весело н` поздравува и нас.

На прашањето дали гледа телевизија и што најмногу сака да следи, ни одговара дека гледа с`, од вести до филмови, но најважно ~ е што гледа народ на екранот. Најрадосна е, пак, кога ќе дојдат да ја посетат најблиските. Од своите 6 деца има 10-ина внуци и 25 правнуци, а вели дека сака да дочека и чукунвнуче.

– Сакам гости, многу сакам, многу им се радувам. Сите мои ме почитуваат, доаѓаат. Внуците ме разгалуваат, се надевам ќе поживеам да дочекам и чукунвнуче. Само, жал ми е што се мачат со мене, не сакам да им го отежнувам животот – вели со мака на душата баба Стојана, која ги загубила едниот син и снаата пред две години.

За неа се грижи нејзината ќерка Даница, која ни раскажува дека баба Стојана повеќе од 10 години не излегла од својата собичка откако ~ откажале нозете, а последните две години не станала ни од постелата. Надворешниот свет го гледа единствено преку својот прозорец, и тоа најчесто небото, кога ќерка ~ ќе ја намести да седне на креветот.

– Не можам да ја оставам сама, ~ треба грижа. Со страв одам набрзина да пазарувам, да ~ купам лекови. Не можам да барам работа и да се вработам, затоа што ~ треба постојана нега – вели ќерката Даница.

Бидејќи е невработена, тие двете живеат од пензијата на баба Стојана, која е околу 7.000 денари. А и децата на Даница се невработени.

– Не стигаат. Kиријата навистина не е многу, 660 денари, ама треба да се купат дрва, да се намират други трошоци. Најтешко ми е што перам на раце, никако не стасува за машина за перење. Но, тоа е животот. Оваа собичка ни е с` што имаме и се трудам да биде чисто и уредно – објаснува Даница за нивната живејачка.

На одење таа ни нагласува дека баба Стојана многу сака цвеќе и оти тоа што ~ го донесоа волонтерите од Црвен крст ќе ~ го стави во вазна за да може да го гледа, а на нашите желби да ја дочека и стотата и пак да ја посетиме уште еднаш, кротко напоменува: „А, бре, зошто да ги мачам децата“.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1