Ватикан се подготвува да крштева вонземјани? Видео


Советникот на Папата, чувар на колекцијата на метероити и претседател на Фондацијата на ватиканската опсерваторија, Гај Консолмањо, смета дека животот надвор од нашата планета постои и дека со добра воља би ги крстел вонземјаните, доколку тие тоа би го сакале.

marsovci vonzemjani mars

Консолмањо студирал астрономија и планетологија на Универзитет во Детроит, магистрирал на МИТ, а докторирал на Универзитетот во Аризона. Се замонашил во 1991 година и тврди дека религијата и науката се комплементарни и дека се надополнуваат.

Изгледа дека и Папата Франциско дели слично мислење, бидејќи во мај оваа година рече на една миса дека на Марсовците вратата  на Католичката црква е отворена.

gaj-kosolmanjo1-480x268

„Доколку би се случило утре на Земјата да дојде експедиција на Марсовци, тие мали, зелени со долги носеви и големи уши, како што децата ги цртаат и тогаш ви речат дека сакаат да бидат крстени – Што би се случило“, рече во таа прилика Папата.

Потоа продолжи со зборовите: „Кој сме ние да ја затвориме вратата  на светиот дух“.

Советникот на Папата објаснува дека секое суштество, има своја душа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1