Познат македонски кошаркар уапсен во Грција


За поседување на 1,5 килограм хашиш грчката полиција повторно го уапси поранешниот кошаркар на МЗТ, Михаил Мишунов, објави Канал 5.

-Непосредно пред апсењето, по добиените информации, полицијата го следела поранешниот ас и го забележала во Солун како остава кеса со две стаклени тегли полни со преработен хашиш – чоколада, со тежина од 1655 грама, а веднаш потоа се оддалечил од местото. При апсењето и претресот на неговиот дом, биле пронајдени 13 кутии цигари без маркица, 3 мобилни телефони и додаток за оружје. Пред обвинителството ќе одговара за поседување дрога, нелегално оружје и прекршување на законот за нелегална трговија, јави телевизијата.

kosarkar uapsen

50 годишниот Мишунов, на македонската јавност и е познат и по неговите успеси во кошарката, но и по криминалното досие и поврзаноста со грчкото подземје. Пред 5 години беше уапсен за поседување  противтенковски и ракетни фрлачи откако полицијата во неговиот џип откри оружје и беше осомничен за трговија со нелегално оружје и украдени автомобили. Доби 10 години затворска казна, а по само 2 години поминати во затвор, беше пуштен со кауција од 5000 евра, и забрана за излез од Грција.

Во 90-тите Мишунов играше во Скопје и за МЗТ и за Работнички, подоцна замина за Солун каде што со Арис го освои  и европскиот трофеј Рајмонд Сапорта. Последен пат во 2006-та заигра повторно во Македонија за Никол Ферт, потсетува Канал 5.

Откако се откажа од кошарката, се впушти во криминал. Неколку пати беше апсен за проневера со кредитни картички која се мереше во милиони евра. Но никогаш не беше осуден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1