Двегодишно девојче тешко повредено во сообраќајна несреќа


Двегодишно девојче било потешко повредено во сообраќајка во Тетово.

Девојчето било повредено вчера околу 17.30 часот откако било удрено од возило „форд мондео“ со тетовски регистарски таблички кое се движело наназад на улицата „29 Ноември“ во Тетово.

Soobrakajci-policija

Кога го слушнал ударот, од куќата истрчал таткото на девојчето и заедно со возачот на фордот го префрлиле девојчето, кое било во бесознание и со тешки телесни повреди, во тетовската болница од каде било испратено на скопските клиники.

Возачот во меѓувреме си заминал, полицијата извршила увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на неговиот идентитет, негово пронаоѓање и утврдување на причините за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1