Патувањето за Хрватска на една државјанка на Македонија која била во поодмината бременост на крајот заврши среќно – таа доби девојче.
Бремената жена добила болки додека автобусот во со кои патувала чекал на граничниот премин да ја минат пасошката контрола.
Хрватската полиција соопшти дека возач на автобус на една македонска автобуска фирма, во четвртокот од граничната контрола побарал помош за 28-годишна жена во поодмината бременост.
На пат кон болницата во Винковци, 28-годишната Македонка вчера наутро добила девојче во возилото на Брза помош.