Македонка се породила во возило за Брза помош во Хрватска


Патувањето за Хрватска на една државјанка на Македонија која била во поодмината бременост на крајот заврши среќно – таа доби девојче.

Бремената жена добила болки додека автобусот во со кои патувала чекал на граничниот премин да ја минат пасошката контрола.

brza-pomos-sk-300Хрватската полиција соопшти дека возач на автобус на една македонска автобуска фирма, во четвртокот од граничната контрола побарал помош за 28-годишна жена во поодмината бременост.

На пат кон болницата во Винковци, 28-годишната Македонка вчера наутро добила девојче во возилото на Брза помош.

Жената и девојчето се згрижени во болницата во Винковци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1