Македонка во Швајцарија нападнала разбојник – за тоа е осудена на 32 месеци затвор и парична казна


Судот во Цирих на македонската државјанка Беснике И. и изрекол казна затвор во траење од 32 месеца и исплата на име обештетување во износ од 15 илјади франци.


23 годишната македонска државјанка, која е по потекло од тетовско, со скршено стаклено шише му нанела повреди на лицето на арапскиот емигрант Хасан Ј., кој се обидел да и ја одземе чантата во едно диско во Цирих, јави Миа.

Беснике во диското била заедно со двајца нејзини пријатели кои почнале да се тепаат со ограбувачот, таа скршила шише од вотка и му го нанела исекотини на лицето на ограбувачот. Иницидентот се случил на 19 ноември 2010 година, јави дописникот на МИА.

Обвинителот Матиа Стамбач побарал максимална казна од осум години и поради фактот што обвинетата во судот дала лажна изјава во врска со случајот. Адвокатот на Беснике, Валентин Ландан, еден од најпознатите адвокати во Швајцарија, побарал минимална казна, зашто неговата клиентка тоа го сторила во афект и оти била под дејство на алкохол.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1