Македонка од градот Нешвил во американската држава Тенеси возела осум часа до конзулатот во Чикаго за да гласа.
Роза Ацеска две години живее во Нешвил и за да го оствари своето гласачко право поминала 750 километри низ државите Тенеси, Кентаки и Индијана сеж до најголемиот град во Илиноис каде што се наоѓа гласачкото место, пишува Нова Македонија
Tаа е математичарка и работи во универзитетот Вандербилт. Вели дека животот во Нешвил, Тенеси е одличен и на професионален и на приватен план.