Македонска СМС порака ги разгневни грците


Некои патници кои слетале на аеродромот „Македонија“ во Солун, добиле „навредлива“ СМС порака во која „Скопје им посакува добредојде во својата земја“. Информацијата прво беше објавена на некои блогови и слабо посетени информативни портали, но денеска ја објавуваат и порелевентани извори, меѓу кој е информативниот портал „Њузнау“, пренесува Евести.

smsСпоред грчките медиуми млада Гркинка слетала на аеродромот во Солун со диркетен лет од Брисел. Кога го вклучила мобилниот телефон, добила две СМС пораки.

Во едната и било посакано добредојде во Македонија, а втората „предизвикувачка“ гласела: Добредојдовте во Македонија, колевка на цивилизацијата. За време на Вашиот престој препорачуваме да го посетите Музејот на Македонската борба и Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, Меморијалниот центар на Тоше Проески во Крушево, Музејот на вода во Охрид и Древната опсерваторија во Кокино. Т- Мобиле Ви посакува добредојде во Република Македонија, за помош бирајте 38970122. Имајте пријатен престој во нашата земја!“.

(“Welcome to Macedonia, the cradle of civilization. During Your stay we Strongly Recommend That you Visit the Museum of the Macedonian Struggle and the Memorial House of Mother Teresa in Skopje, the Memorial Center of Toshe Proeski in Krushevo, the Museum on Water in Ohrid and the Ancient Observatory in Kokino. T-Mobile WELCOMES you to the Republic of Macedonia! For Assistance Please call 38970122. Have a pleasant stay in our country! “)

greeceМајката на патничката за „Њузсит“ изјавила дека „била засрамена од тоа што се случило“ и рекла дека очекува грчкото МНР остро да реагира за случајот. – Не е можно грчки граѓани што пристигнуваат на аеродромот ’Македонија’ во Солун да добиваат пораки од Скопје, истакнала таа. Сајтот, наводно, уште утредента го информирало грчкото МНР за настанот. Грчкото МНР засега не објави ништо за овој случај, ниту пак одговори на барањето на МИА да го коментира настанот.

Од Т-мобиле за МИА потврдија дека е невозможно да се случи такво нешто, доколку телефонот за време на летот бил исклучен како што тврди патничката. Операторот испраќа таква порака на сите странци што ќе се најват на негова мрежа при влез во Македонија. – Во случајот со Грција, претпоставуваме дека при слетување на Солунскиот аеродром ја добиваат нашата порака бидејќи претходно (при прелетување на авионот блиску до нашата граница) се најавиле на наша мрежа (телефонот им бил активен). Ова се случува само кога телефонот ја има вклучено опцијата за автоматско бирање на мрежите“, се вели во одговорот на Т-Мобиле.

Извор – Евести/Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1