Со измените во законот за воспоставување на ред и мир, полицијата во Македонија освенфизичка сила, палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња ќе смее да употреби и гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби.
Во иднина полицијата ќе користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби ако протестантите што го нарушиле јавниот ред и мир се оглушат на повикот на полицискиот службеник да се разотидат. Со закон, полицијата досега за воспоставување јавен ред и мир можеше да користи физичка сила, палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња.