Македонската влада не подлегнува на уцени од Косово


Македонската влада нема да го промени претходно зацртаниот план и до средината на септември нема да има укинување на одлуката за условен увоз на брашно, дознава Сител.

За Владата во Скопје уцените се неприфатливи и таа нема да потклекне на притисоците и уцените кои доаѓаат  од Косово и нема да ги менува своите планови, велат за Сител извори блиски до владата.

kosovoНајрано мерката за брашното може да се укине кон средината на овој месец, како што во август објави владиниот портпарол, тогаш потенцирајќи дека се очекува пазарот да се стабилизира кон средината на септември.

Марката што Македонија ја воведе е согласно ЦЕФТА договорот. Таа не е насочена само кон Косово, туку кон ЦЕФТА земјите. Сосема јасно е дека причините за блокадата од Косово што потоа следуваа не се економски.

Ако беа економски, блокирањето на македонските производи ќе се случеше на почетокот на јули, а не на 8-9 дена пред објавеното укинување на мерката, велат истите извори.

Дека во позадина има политика потврдуваат и самите косовски власти, кај кои постои несогласување околу одлуката за забрана за македонските производи.

Меѓу мотивите се посочуваат и претстојните избори на Косово. Претседателот на косовскиот Парламент, Јакуп Красниќи ги нападна Премиерот и Вицепремиерот на Косово, потенцирајќи дека  во косовската владаодлуките не ги носи Премиерот кој што ја раководи , туку заменикпремиеката Мимоза  Кусари Лилка.

-Зошто ова настојување на нашата влада да докажат машкост кај Блаце, а не и во Брисел и на граничните премини со Србија. Овие се прашања кои бараат одговори. Не знам но некои велат. Да не се случува ова за отргнување на вниманието  на главните проблеми кои ги има земјата.? Едно се знае  Кој е тука премиер? Се вели во изјавата на претседателот на парламент Красниќи

Но во позадина на целата оваа трговска војна што ја почна Косово има и други мотиви, за кои пишуваат медиумите. За сомнителноста на косовските мотиви пиштува и гласот на Америка.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1