Македонски автобус се запали во Црна Гора, нема повредени


Македонски автобус се запали на пат кон Хрватска.. Несреќата се случила кај црногорското одморалиште Петровац..

Автобусот на тетовската компанија Хафет турс кој превезувал 49 патници, сообраќал на релацијата Скопје – Сплит.. Движејќи се по патот, во задниот дел кај моторот на автобусот изби огнот, велат од компанијата.. Објаснуваат дека Возачот веднаш го сопрел возилото, патниците го напуштиле автобусот а бил спасен и нивниот багаж.. Во гасењето на автобусот интервенирало и противпожарно возило..

Никој од патниците и двајцата возачи не биле повредени во несреќата, велат од компанијата..

Од превозната компанија велат дека сите патници за кратко го продолжиле патувањето бидејќи по 20-тина минути пристигнал друг автобус.. Објаснуваат дека огнот кој избил во во моторот на автобусот не бил закана за патниците.. Најголем дел од нив во моментот спиеле.. Во изјава за медиумите велат дека ситуацијата била непријатна но откако го слушнале алармот за пожар, за кратко време го напуштиле автобусот и се оддалечиле од него.. Дел од нив тврдат дека пред да избувне пожарот, на една од паузите, автобусот не можел да запали но двајцата возачи го отстраниле дефектот и продолжило патувањето..

Инаку на почетокот од годинава, во автобус на гостиварската компанија Дурмо-турс животот го загубија 16 луѓе во несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово.. Истрагата покажа дека возилото било технички неисправно..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1