Бегалци во едно прифатилиште за азиланти во Асарум, Шведска, одат без чорапи, само со апостолки, и без јакна на ноемврискиот студ.
– Немавме многу облека кога дојдовме овде пред три недели, вели Бирол Рашидов, азилант од Македонија.
На Рашидов и неговото семејство се уште не им се одобрени средства за да можат да купат зимска гардероба.
Во интервју за Шведското радио тој раскажува дека е принуден да позајми чевли или патики од други азиланти, кога излегува надвор да купи јадење во продавницата во близина на прифатилиштето.
Азилантите кои немаат пари мора да напишат молба за дополнителна парична потпора, а со оглед дека бројот на азиланти во Шведска е во постојан пораст, во регионалната канцеларија на Миграцискиот завод во Кристианстад веќе има околу 150 такви молби.
– Работиме секојдневно со оваа проблематаика, но, за жал, можеби ќе поминат уште неколку недели додека не ја завршиме работата, вели Камила Хегбарт, референт при Миграцискиот завод во Кристианстад.
Таа вели дека ќе биде неопходно подетално да се разгледаат околностите за идната година да не се повтори истатата ситуација.
Миа