Македонски државјанин се обидел да изнесе 105.000 евра


Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата.

Вчера (22.09.2015 г.) за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин (Е.А, 38 години).pari torbica

На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе, одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените 2 илјади евра, а во рачната торба која ја носел преку рамо уште 105 илјади евра за кои лицето не поседувало никаков документ.

Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра, па според тоа, толкав износ му е вратен, додека 105 илјади евра се одземени.

Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1