Македонски камионџија притворен во Босна затоа што превезувал тројца Авганистанци


Босанската полиција објави дека во областа Брчко бил запрен македонски камион во кој полицијата нашла тројца бегалци од Авганистан.granica kamioni tabanovce mk

Според босанските медиуми, камионот бил запрен во саботата попладне. Возачот, идентификуван како Ј.С. (48), македонски државјанин, бил приведен и во тек е истражна постапка, јави МИА.

– На лицата од Авганистан им беше укажана помош и тие беа предадени на службата за странски државјани, изјавил Халид Емкиќ, одговорен за односи со јавноста во полицијата во Брчко.

Тројцата Авганистанци биле хоспитализирани поради исцрпеност. Босна засега не е важна алка на балканскиот пат на бегалците, но по затворањето на Унгарија и тензиите на хрватско-српската граница се очекува дека е можно да се развие и босански крак на патот кој пренесува бегалци од Турција преку Балканот до земји од Шенген зоната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1