Македонски невладини организации им помагааат на жртвите на домашно насилство


Според последните истражувања, една од четири жени во Македонија е жртва на насилство. Министерството за внатрешни работи на земјата регистрираше 147 случаи на домашно насилство врз жени во 2013 година, што е за 33,6 отсто повеќе од претходната година.

prostitutka nasilstvoЗачестеноста на случаите на домашно насилство ги загрижува бранителите на правата на жените, кои им помагаат на жртвите на насилство да се вратат на нормалниот живот.

Македонското здружение за развој и интеграција нуди бесплатни психолошки консултации за жени. Претседателот на здружението, Наде Качакова, рече дека организацијата нуди приватни сесии со психолози кои работат со жртвите, во зависност од нивните потреби и проблеми.

„Услугите на нашата организација се клучни за овие жени, им помагаат да ги вратат под контрола своите животи и да се ослободат од негативното искуство“, изјави Качакова за SETimes. „Многу жени на кои сме им пружиле психолошка поддршка постигнале позитивни резултати“.

Во Македонија има три засолништа за жени. Едно од нив е под управа на Министерството за труд и социјална политика. Другите две ги води Организацијата на жените на градот Скопје и кризниот центар „Надеж“. Има 24-часовна отворена линија за жртвите.

Маргарита Иванова, член и поранешен претседател на клубот „Зонта“ во Скопје, рече дека повеќе жени во Македонија можат отворено да зборуваат за своите проблеми како резултат на зголемената активност на невладините организации што работат на женски прашања.

Женското здружение „Езерка“, со седиште во Струга, е една од овие организации. Заедно со уште неколку организации во Западен Балкан, „Езерка“ собира потписи за поддршка на ратификацијата на Конвенцијата за насилство врз жените во Советот на Европа и за воведување нови закони и политики за заштита на жените од насилство.

„Со оваа конвенција не сакаме насилникот да биде на слобода“, изјави за SETimes Драгица Павлеска, претседателка на „Езерка“. „Никој не сака насилство во домот, на улицата. Ќе организираме многу семинари и образовни работилници за да ги споиме женските невладини организации, како и за да ги информираме жртвите на сите видови насилство за нивните права“.

Мики Трајковски за Southeast European Times

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1