Пред две недели во Сплит се склучил втор геј брак ,два месеца откако Хрватска донесе закон за склучување на геј бракови но без право на посвојување деца.Првиот брак бил во Загреб,следниот во Сплит мегу двајца средовечни мажи кои 20 тина години биле во врска а третиот е мегу Спличанин и наше момче од Скопски Аеродром.
Еден од присутните на веселбата во Сплит за Либертас вели дека свадбата била ептен весела а на неа присуствувале родителите на момчето од Скопје,неговиот брат и пријатели. “Беше многу весело,се запеаа и заиграа и македонски ора,музика однесовме и од Скопје.Беше супер. Си разменија прстени и се венчаа во матичното во Сплит“ вели нашиот соговорник.
Идентитетот на момчето и е познат на редакцијата на Либертас но не сме прашале дали сака да го откриеме и од тие причини не го откриваме неговото име.
Инаку нашиот соговорник,пријател на момчето вели дека тие се запознале на брод каде што работеле. Скопјанецот дошол во Скопје и им рекол на неговите дека ке се жени.Тие вели тој прво помислија дека ке се жени со девојката со која пред да оди на брод беше во врска,но кога им објаснил,по првичниот шок ,прифатиле и му дале подршка.
Заминале заедно со него и пријателите на свадбата во Сплит. Ке останат засега таму,вели соговорникот на Либертас,сепак таа средина е полиберална за разлика од кај нас,но размислуваат и да заминат негде во странство.Овој геј брак го најавиле многу хрватски портали меѓу кои и bliconline.hr.Порталот не ги открива имињата на лицата од првиот и од овој геј брак.
Libertas