Македонски Телеком ги намали цените за повиците од фиксни телефони


Македонски Телеком од 1-ви март, 2014-та година ќе ги намали цените за меѓумесни повици кон сите фиксни оператори.

telefonЦената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во ефтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во ефтина тарифа. Цената на меѓумесните ќе се изедначи со цената за локални повици.

Намалувањето на цените е овозможено со инвестицијата на Македонски Телеком во новата, модерна платформа базирана на Интернет протокол, на која беа мигрирани сите корисници. Сега, откако сите стари централи се исклучени, повиците ќе се рутираат од само една централна точка.

Веќе нема да постои разлика меѓу локалните и меѓумесните повици, сите повици во Македонија ќе бидат национални и ќе имаат иста цена кон сите фиксни оператори. Новите цени ќе важат за сите тарифни модели, освен за специјалните понуди.

Намалени се и цените на повиците од фиксни кон мобилни дестинации до 30% и тоа за повици кон сите мобилни оператори. Намалувањето се однесува на сите тарифни модели и пакети на услуги за приватни и деловни корисници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1