Зошто бил загрижен пред несреќата? Што му се случувало последните денови на Трајковски


Последните две-три недели од животот, а особено последните неколку дена, претседателот Трајковски бил некако отсутен, загрижен и тажен, без неговата препознатлива насмевка. 

Пред десет години, на денешен ден, авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски со осум негови соработници и членови на екипажот се урна во близината на селото Ротимље кај Мостар.

„Чувај ми го животот од страшен непријател“

Boris-Trajkovski-630x418Една година по несреќата, во 2005-та, во неколку наврати новинарот на Нова Македонија разговарал со Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот претседател Борис Трајковски. Тоа беше нејзина прва изјава по несреќата.

Претседателот Трајковски ја читал Библијата и ноќта пред да замине за Мостар.

– Три дена по авионската несреќа Сара ја видела Библијата на масичката во спалната. Се сетив дека Борис ја читаше пред да заспие. Ќерката дојде плачејќи и ми покажа дека татко ѝ последната ноќ од својот живот го читал и го обележил шеесет и четвртиот псалм. Во тој псалм пишува: „Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците, кои ги острат јазиците како мечеви; исфрлаат отровни зборови како стрели за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. Подготвени се за пакосно дело, смислувајќи како да постават крадум стапици, и зборуваат: кој ќе нѐ види“. Псалмот продолжува и понатаму, но и дотука е доволно за да се види колку сето тоа се совпаѓаше со она што се случи во близина на Мостар

Променет, замислен и отсутен со мислите! 

Boris-i-Vilma.jpg2

Според Вилма, последните две-три недели од животот, а особено последните неколку дена, претседателот Трајковски бил некако отсутен, загрижен и тажен, без неговата препознатлива насмевка.

Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас. вторникот вечерта на 24 февруари ми се јави од кабинетот, каде што често остануваше до доцна во ноќта, за да ме праша дали би сакала да одам со него на карневалот во Струмица. Се извини што заборавил порано да ми каже. По гласот почувствував дека е преморен. За жал, јас веќе имав договорено некои обврски со синот, не можев да ги откажам, во Струмица беше Сара со другарките. Ноќта, влегувајќи во градот, веднаш ѝ се јавил по телефон. Ја прашал каде е, сакал да ја види. Таа му рекла дека е далеку од свечената ложа, дека има многу народ и дека ќе му треба многу време за да се пробие со обезбедувањето до неа. Не успеале да се видат.

По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си. Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види.

trajkovski kinger-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон. Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.  го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“. Имаше само 48 години. Сара и сега многу тагува; не може да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

Има уште еден момент во врска со тоа последно патување на Борис. Имаше план во Мостар да патувам и јас. Со Богиќ Богиќевиќ сме семејни пријатели. Борис ми кажа дека тој прашувал дали ќе одам и јас во Мостар, за да дојде и тој со сопругата од Сараево, да се видиме. Јас го откажав патувањето поради обврските дома, но и најмногу затоа што беше предвиден само еден ден престој во Мостар и не се одеше во Сараево, па и не сакав да ги малтретирам Богиќ и неговата сопруга да патуваат по тоа невреме од Сараево до Мостар – се потсетуваше Вилма, а солзите постојано ѝ навираа во очите.

Утрото дојдоа две момчиња од обезбедувањето. Веднаш забележав дека лицата им беа необично бледи. Ме замолија да влеземе во кабинетот, во официјалниот дел на резиденција на Водно. Знаев дека нешто се има случено, но воопшто не помислив дека е најлошото. Момчињата ми кажаа дека авионот на претседателот исчезнал од радарот на мостарскиот аеродром, непосредно пред слетувањето.

Заедно со претседателот загинаа и советниците од неговиот кабинет Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, дипломатот од МНР, Миле Крстевски, членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Целата сотрија на – Нова Македонија 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1