Македонски војник во Авганистан: Храброст и издржливост за почит


„Благодарение на успешното извршување на мисиите, припадниците на АРМ успешно ја афирмираа Република Македонија, каде оддалечени илјадници километри од татковината, гордо го вееја македонското знаме.“
Повеќе од 3.000 македонски војници досега биле дел од мисиите кои имаат за цел зачувување на мирот и безбедноста во рамките на меѓународни мировни операции во повеќе земји во светот. Од кичевската касарната денеска во уште една таква мисија ќе заминат уште 156 припадници на АРМ. Припадниците на Првата механизирана пешадиска бригада заминуваат за Авганистан каде во рамките на мисијата ИСАФ на НАТО ќе бидат задолжени да ја обезбедуваат главната команда и базата на НАТО.

Како е да се биде дел токму од оваа мисија за Нет прес зборуваше потполковник Киро Калков, кој во 2011 година ја извршувал највисоката задача во рамките на македонскиот контигент во ИСАФ како најстар национален преставник во тогашната ротација.
Потполковник Калков, вели по низата тестови, обуки, подготовки, сепак кога ќе се стапне на тлото на Авганистан и ќе се почувствува суровиот амбиент оваа пустинска земја обвиена со сивило, стравот не го почувствувал, не го забележал и на лицата на останатите македонски војници, но не чувствувал ни малку опуштено.
Потполковникот тврди, како и останатите во АРМ, дека странските војници, други и главниот командир на ИСАФ се фасцинирани од подготвеноста на припадниците на македонската војска – издржливи, храбри, ефикасни…

„2011 година во септември имаше случка кога еден Авганистанец 16-годишен се саморазнесе на 100-тина метри од главната капија. Следуваше сигнал за тревога, бидејќи експлозијата и те како добро се слушна, првата реакција од наша страна беше за 10 секудни што е феноменално брзо и силите за брза реакција кои се задолжени за зајакнување на веќе заземените позиции беа на позиција за помалку од пет минути, периметарот беше воспоставен за одбрана на базата.
Откако се’ се заврши луѓето во базата каде и да сретнеа македонски војник буквално го поздравуваа и ни честитаа од полковник до обичен работник за тоа колку брзо македонските војници реагирале“, раскажува потполковникот.
Од 3.062 македонски војници кои биле дел од мировните мисии, повеќе од 1.900 се здобиле со високи одличувања на НАТО, САД и други армии со кои заеднички се извршувале мисиите, а оценките кои ги добиваат од највисоките командни структури на Алијансата се високи и одлични.
Целата сторија на: Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1