Македонските дипломати во Вашингтон должат 940 долари за казни


Дипломатските претставници на Србија и Црна Гора се меѓу најревносните плаќачи на казните за сообраќајни прекршоци во Вашингтон, и должат пари само за осум казни, односно 1.035 долари, покажало истражувањето на телевизијата NBS.

dolariСпоред списокот кој го направиле властите во Колумбија дистриктот, рекордер по долгување е Камерун, чии дипломати во главниот град на САД не платиле дури 317 казни во вредност од 25 илјади долари.

Втори се претставниците на Мавританија со неплатени 174 казни (17,797 долари), додека на третото место се Нигеријците со 87 казни (11,865 долари).

Од балканските држави водат Хрватите со 18 неплатени казни (1,692), Словенците со 12 казни кои не ги платиле (1,055 долари), додека Македонија има 10 казни (940), а Босна и Херцеговина седум (570 долари).

Наведените податоци го опфаќаат периодот од јануари 2002-та година до 31 јули 2013-та година, а дипломатите од Србија и Црна Гора во официјалните документи за казни сè уште се водат под Југославија. Од вашингтонската полиција навеле дека наплатата на казните кај дипломатите е околу 78 отсто, што е близу просекот на наплатата кај американските граѓани.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1