Македонските работници поевтини од кинеските


Македонија е земја со евтина работна сила, па нашата минимална плата е пониска дури и од кинеската. Македонските работници имаат 170 американски долари загарантиран месечен минималец, па се поконкурентни и од кинеските работници, чија најниска месечна плата се движи од 138 до 264 долари во зависност на развиеноста на регионот во оваа огромна азиска земја.

denari_191010Ова го покажуваат податоците за минималната заработувачка на работниците, односно за конкурентноста на работната сила во светот и според пресметките македонскиот минималец треба да се зголеми за над 50 отсто за да ја стигне највисоката кинеска минимална плата, анализира „Дневник“.

Гледано по региони, минималната плата во Кина изнесува 138 долари во областа Јијангџи, па сe до 238 долари во регионите Гуангадонг и Шензен каде што се наоѓаат многубројни високотехнолошки фабрики, меѓу кои и „Фокскон“, во која се произведува светски познатиот паметен телефон „ајфон“ на американската компанија „Епл“.

Според бројките, Македонија има најконкурентна работна сила во однос на износот на платите на целиот Балкан. Повисоки загарантирани минимални месечни примања имаат сите соседи. Во Албанија месечниот минималец е 194 долари или 24 долари повеќе од нас, во Бугарија минималецот изнесува 204 долари, а во Босна и Херцеговина 216 долари.

Највисока минимална плата во регионот земаат словенечките работници каде што загарантираната плата е 1.004 долари, потоа Хрватите со 481 долар, па Србите со 244 долари.

nevrabotenost2„Нарачките од Кина и од земјите на Блискиот Исток почнаа да се префрлаат во Европа, а добар дел од колачот успеаја да земат и нашите текстилци. Се покачи стандардот таму, а доставувачите веќе бараат и квалитет. Тука е нашата шанса, но само преку модернизација и квалитетен и конкурентен производ. За ние да можеме да се бориме со конкуренцијата, потребни ни се евтини кредити за модернизација на технолошкиот процес“, вели, за “Дневник“, Димитар Стојановски од трикотажа „Пелистер“ од Битола.

Податоците за минималната заработувачка на работниците во светот објавени на „Википедија“ покажуваат дека Македонците имаат понизок минималец, односно се поконкурентни и од работниците во Тајланд (240 долари), Малезија (290 долари), Филипини (329 долари). Споредбите прикажуваат и дека во голем дел од европските земји и подалеку, наместо минимална месечна заработувачка, се оди кон најниско платен работен час. Така, на пример, минималната заработувачка од час во Австралија не може да биде пониска од 16 австралиски долари, во Канада од 11 канадски долари, во Данска од 19 долари, а во Франција најниската загарантирана саатница не може да биде пониска од 9,43 евра.

Минимална плата во долари:

Македонија 171
Бугарија 204
БиХ 216
Албанија 194
Србија 244
Хрватска 481
Словенија 783
Грција 586
Кина 138-238
Индонезија 228
Тајланд 240
Малезија 297
Филипини 329

Izvor – Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1