Македонски танчери од ДМБУЦ Илија Николовски Луј и балетско студио Ребис освоиа награди на меѓународен танцов фестивал Гранд При Суботица 2013
Фестивал Гранд При Суботица 2013 е интернационален натпревар на кој учествуваа балетски школи и танцови клубови од Србија,Црна Гора, Унгарија,Романија и Македонија ,се претставиа 1200 натпреварувачи со 80 кореографии во категории класичен и модерен балет,стрит танци,хип хоп.латино и стандардни танци како и посебна категориа мажорет која е популарна најмногу во Унгарија .
Како претставници од Македонија учествуваа ученици од класична и современа насока на ДМБУЦ Илија Николовски Луј кои освоиа Дијамант медал за модерен танц во кореографија на Гордана Деан Поп Христова како и дијамант медал за соло класичен балет ,злато за дуо и трио класичен балет за класа на Љилјана Боневска. Златен медал освоиа и танчерите од балетско студио Ребис за шоу танц на јуниорите во кореографија на Емилија Симовска како и злато за хип хоп група сениори на Андријана Атанасова и Данијел Ангелковиж.
За прва пат е доделена награда Дијамант медал за настап со освоени максимиум бодови од сите членови на жири а тоа беше настапот на младите македонски танчери .