Македонските топоними ќе се вратат во Мала Преспа


Албанската законодавна парламентарна комисија на вчерашната попладневна седница, со гласовите на пратениците од владеjачкото мнозинство го усвои Предлог-законот за враќање на автентичните топоними на населените места во Мала Преспа.

Законот го предложи пратеникот од владејачката Демократска партија на Албанија, Едмонд Спахо и тоа е нгов втор обид да ги врати автентичните топоними во Мала Преспа, албанизирани во седумдесеттите години од минатиот век, од страна на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.

prespa toponimi

Против овој предлог биле членовите на комисијата од опозициската Социјалистичка партија за кои донесувањето на овој закон би бил преседан.

Пратеникот и поранешен албански премиер, социјалистот Башким Фино, смета дека на крај од мандатот не може да се усвјува закон за промена на топони и оти ваков предлог може да се претвори во локален реферндум.

Ваквите тврдења на Фино, Спахо ги отфрлил.

За усвојување на предлог законот за враќање на автентичните топоними потребно е двотретинско мнозинство, што значи дека за него треба да гласаат и пратеници од социјалистичката пратеничка група. Се очекува предлогот да биде на првата наредна седница на албанскиот парламент, закажана за в четврток.

Прв обид за оваа цел Спахо имаше во 2009 година. Предлог–законот требаше да се изгласа на последната седница на тогашниот состав на парламентот, но социјалистичките пратеници го напуштија Парламентот и законот не се изгласа.

– За враќање на автохтоните топоними , стои барање потпишано од сите жители на Пустец, кои со децении притискаат за ова прашање во Тирана и кај преставниците на меѓународната заедница. Ако биде усвоена одлуката ќе отвори пат да се сменат и имињата на осумте села кои гравитираат кон оваа општина, за што процедурата е поедноставна, изјави Темелко

Според него, време е да се исправи оваа неправда кон жителите на Пустец, иако се очекува таа да предизвика реакција во националистичките кругови во Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1