Македонските вештаци во дилема: Зошто телото на Дениса е пронајдено без облека


ДНК профилот од родителите на Дениса е испратен на гркчиот остров Родос. МВР потврди дека е обезбедена  плунка од Маркоски и преку македонскиот Интерпол доставена на натамошна  анализа. Примерокот ќе се споредува со ДНК профилот на женското тело кое во саботата беше пронајдено во водите на Егејското море.denisa brod1

Грчките власти во понеделникот го известија МНР дека е пронајден труп за кој се сомневаат дека можеби е исчезнатата Дениса. Кога е во прашање свеж материјал и анализа од овој тип, резултатите би требало да бидат готови за помалку од 24часа. Во принцип кога се работи за странски државјани се прави реобдукција и во матичната земја на починатиот. Во случајов, Д-р АЛексеј Дума не добил ниту известување за постапката која е во тек во соседството,  ниту барање за повторена обдукција на телото.

Од судска медицина на Родос информираа дека аутопсијата одговарала на описот кој го добиле за исчезнатата македонка. Телото било во напредна фаза на распаѓање што го отежнува утврдувањето на причината и времето на смртта. Трупот бил речиси без облека за што тамошните власти велат дека најверојатно испаднала во водата.  За Дума е нејасно како го пронашле во таква состојба, со оглед на тоа дека морето е мирна вода. Доколку се работеше за истечни  води ќе  нема простор за сомнеж вели директорот на институтот за судска медицина.

Родителите на 23 годишната прилепчанка два дена не се достапни за медиумите. Не се знае дали заминале за Родост и какви се нивните сознанија за истрагата. Останува отворено прашањето дали девојката се удавила или смртта настапила пред телото да да се најде во морето. На 12 септември кога исчезна Дениса беше пронајден нејзиниот мобилен телефон  но без сим картица на палубата на бродот Серенисима на кој работела. ОД МНР денеска не добиле информација за текот на постапката.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1